• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk

Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги АРС-ИНЖЕНЕРИНГ дооел експорт-импорт Куманово е основано во 1994 година од страна на Радомир Алексовски, сопственик и управител на друштвото. Работењето на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ го одбележуваат два периода.

Во период од 1994 до 2001 година АРС-ИНЖЕНЕРИНГ првенствено се занимаваше со изведување на градежни работи (изградба, доградба, надградба, реконструкција и одржување на објекти од високо и ниско градба). Во тој период друштвото го сочинуваа 70 вработени лица - инженери, економисти, правници, техничари, хигиеничари, возачи, општи работници.

Од 2001 година до денес во АРС-ИНЖЕНЕРИНГ се направени големи реформи и е извршена комплетна реорганизација. Новите трендови на пазарот овозможија да се основаат помали компании од различни стопански гранки, а со тоа се отвори можност за соработка со истите. На тој начин еден голем дел од вработените во АРС-ИНЖЕНЕРИНГ формираа сопствени друштва чии што услуги до ден денес ги користи АРС-ИНЖЕНЕРИНГ. Бројот на вработените драстично е намален, но квалитетот на услугите е на многу повисоко ниво. АРС-ИНЖЕНЕРИНГ денес е друштво кое претежно го сочинува високообразован стручен кадар. За сопствени потреби за тековно работење АРС ИНЖЕНЕРИНГ располага со челични хали, монтажни објекти, простории за складирање на опрема и материјали, фабрика за бетон и заеднички простории за извршување на административно технички работи. Вкупна површина на простирање на овие објекти е 2600 m2.

Од 2005 година во Република Макеоднија со закон е регулирано правото на работење на компаниите во инженерството. Со тоа се стега обрачот, бројот на компаниите се намалува поради неисполнување на пропишани услови за работа и на тој начин професионализмот испливува на површина. Работењето на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е во согласност со законските прописи. АРС-ИНЖЕНЕРИНГ поседува лиценци за работа во сите области од инженерството: проектирање, надзор, ревизија, изведба, урбанизам и енергетска контрола. Стручниот тим на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ досега има изреализирано околу 1000 договори од гореспомнатите области во градежништвото. За потребите на работењето се користи современа компјутерска опрема и лиценцирани кориснички програми.

Освен гореспоменатите работни ангажмани една од водечките дејности на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е инвестирање/соинвестирање при изградба на објекти од високоградба. Досега имаме изградено над 3000 m2 во станбени простории, 2000 m2 деловни простории. На различни локации имаме учествувано со следниве компании во својство на соинвеститори: ПРОСТОР, ЕВГЕНИЈА ЕР ФЛАЈ, МАСТЕР ХАУС, МАРНИК, ВИТА ИНЖЕНЕРИНГ.