• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk

Градбата и нејзините уреди за греење, ладење и проветрување треба да бидат проектирани и изведени на таков начин што во зависност од климатските услови на локацијата ќе обезбедат потрошувачката на енергија во текот на нејзиното употребување да биде еднаква или пониска од пропишаното ниво, како и да ги исполнат барањата за енергетска ефикасност пропишани со прописите кои ја регулираат оваа материја.

Од 2015 година стапи на сила Закон за енергетика односно, Правилник за енергетски карактеристики на згради, со што се става акцент на подигање на свеста за заштита на животната средина и намалување на емисија на СО2 со воведување на концепт за проектирање и изградба на објекти со подобрени енергетски карактеристики со цел да се намали потребната количина на енергија за греење, ладење, осветлување итн, а притоа да не се нарушат условите на комфор во истите.

АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е лиценцирана компанија за вршење на Енергетска конторола на објекти и издавање на енергетски пасоши на истите. Во рамките на оваа област ги нудиме следниве услуги:

  • Изработка на елаборат за енергетска ефикасност за нови и постоечки објекти (дефинирање на сите потребни параметри за намалување на потрошувачката на примарна енергија и намалување на емисија на СО2)
  • Издавање на потврда за согласност на проектната документација со минимални барања за енергетска ефикасност (задолжително при водење постапка за добивање на Одобрение за градење)
  • Енергетска контрола и издавање на енергетски пасош