• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk

Повеќе од 20 години активно работиме и ги нудиме услугите на нашиот пазар. Досега имаме инвестирано/соинвестирано во изградба на над 17000 m2 станбен простор, 3000 m2 деловен простор и над 3000 m2 помошни простории, гаражи, паркинзи на повеќе атрактивни локации во централното градско подрачје во Куманово. Водилка за успех во изминатите долги години е синтеза на квалитет, сигурност, професионално и посветено работење. Низ годините ги следиме најновите трендови и ги применуваме во пракса.

Нашите објекти од темел до кров се карактеризираат со:

  • Високи геомеханички карактеристики на подлога за темелење, секогаш проверени и потврдени од акредитирана институција
  • Комплетно проектирани и изведени асеизмички објекти под влијание од сеизмичка сила со ред големина автентична за IX степен на сеизмичност по MCS, иако објектите се наоѓаат во подрачје со максимален интензитет од VIII степени по MCS, податок добиен врз основа на посебни истражувања, а прикажан на Сеизмотектонска мапа на макимален интензитет на територијата на РМ, проверени и потврдени од ИЗИИС
  • Вградени атестирани материјали со проверени и потврдени јакосни карактеристики во акредитирани лаборатории
  • Ѕидани со термоизолациони блокови
  • Термоизолациони контактни фасади
  • Енергетски ефикасни објекти
  • Намалена потрошувачка на енергија
  • Намалена емисија на СО2 во воздухот, заштита на животната средина
  • PVC столарија од Германско потекло
  • Ролетни на прозорците
  • Висококвалитетни влезни блиндор врати од Грција
  • Висококвалитетни внатрешни медијапански врати од Грција
  • Дрвена подна облога на претходно звучно и термички изолирана меѓукатна конструкција
  • Комфорни и удобни ентериерни решенија
  • Комплетно опремени бањи со квалитетна санитарија и керамика по избор на клиентот
  • Кујни со засебни вентилациони канали и керамика по избор на клиентот
  • Вградени системи за природно вентилирање на секоја просторија
  • Ходнични и скалишни простории завршно обложени со мермер
  • Непречен пристап за инвалидизирани лице
  • Подземно и надземно паркирање во сите објекти со примена на современи модерни системи со сигнализација и далечинско управување
  • Комплетно решени инсталации со приклучоци за телевизија, интернет, телефонија, аудио/видео надзор со бакарни и оптички кабли
  • Партерно уредени и оградени површини