• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk
ПРОЕКТИРАЊЕ
Цената на проектот е само еден мал процент во однос на вкупната цена при изградба на еден објект, а самиот проект ја диктира цената на објектот. Со изборот на проектантот го кроите буџетот наменет за изградба на вашиот објект од соништата.
НАДЗОР
Стручниот надзор над изградба на објект е врска меѓу инвеститорот и изведувачот. Избор на инвеститорот е кому ќе му ја додели оваа одговорна задача, а должност на надзорниот орган е да го контрoлира процесот на материјaлизирање на идеите.
РЕВИЗИЈА
Со избор на ревидент на проектна документација се намалуваат шансите за настанување на грешка во процесот на проектирање, а со самото тоа и во процесот на градење.
БЕТОН
Од 1996 година во рамките на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е ставена во употреба фабрика за бетон. Лоцирана е покрај течението на река Кумановка во непосредна близина на „Митев мост“ во Куманово.
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Градбата и нејзините уреди за греење, ладење и проветрување треба да бидат проектирани и изведени на таков начин што во зависност од климатските услови на локацијата ќе обезбедат потрошувачката на енергија во текот на нејзиното употребување да биде еднаква или пониска од пропишаното ниво, како и да ги исполнат барањата за енергетска ефикасност пропишани со прописите кои ја регулираат оваа материја.