• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk

Од 1996 година во рамките на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е ставена во употреба фабрика за бетон. Лоцирана е покрај течението на река Кумановка во непосредна близина на „Митев мост“ во Куманово. Станува збор за фабрика за бетон со капацитет од 18m3/h, произведена од страна на „ФАГРАМ“ Смедерево.

За сопствени потреби и за трети лица вршиме производство на сите марки на готов бетон во согласност со ПБАБ/87. Квалитетот на изработениот бетон се контролира со редовна изработка и нега на пробни коцки во сопствена лабораторија, а испитувањето на коцките се врши во акредитирана лабораторија за испитување градежни материјали во рамките на ГИМ-Градежен институт „Македонија“.

За сопствени потреби и во помали количини вршиме производство на префабрикувани бетонски елементи (рабници, блокови, павер елементи), a во кругот на фабриката функционира и армирачки погон и браварска работилница.