• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk

Со избор на ревидент на проектна документација се намалуваат шансите за настанување на грешка во процесот на проектирање, а со самото тоа и во процесот на градење.

Ревизија на основниот проект во зависност од карактеристиките на градбата, треба да се спроведе во поглед на исполнување на основните барања за градбата согласно со Законот за градење и други закони:

  • Ревизијата на основниот проект задолжително се врши во поглед на механичката отпорност, стабилност и сеизмичката заштита на градбите.
  • Ревидентот за извршената ревизија на проектот е должен да состави извештај во писмена форма и да го завери ревидираниот проект.
  • Ревизијата на основниот проект задолжително се врши на сите фази од основниот проект.

Со навремена соработка меѓу проектантот и ревидентот се доаѓа до заеднички успех. Во многу случаи во својство на ревиденти сме наидувале на непотполно изработени и издржани проекти, проекти каде воопшто не се водело сметка за стабилноста на објектот. Ревизијата е последен чекор пред отпочнување на градењето, затоа внимавајте во кој правец чекорите.