• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk

Цената на проектот е само еден мал процент во однос на вкупната цена при изградба на еден објект, а самиот проект ја диктира цената на објектот. Со изборот на проектантот го кроите буџетот наменет за изградба на вашиот објект од соништата.

Прв и основен елемент за да се изгради рационална, економична и стабилна конструкција е да се изработи комплетна проектна анализа. Со вистински избор на конструктивниот систем и вистински избор на материјалите што ќе се вградуваат се добива решение за стабилна и рационално искористена конструкција. Проектирањето е водилка во процесот на градењето. Со комплетно изработена проектна документација се добива јасна слика за изгледот и функционалноста на објектот и како најважен факт се добива прецизна финансиска конструкција.

Тимот на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ гарантира за квалитетот на изработката на проектната документација. Редовно ги пратиме светските збиднување и вложуваме во знаењето. Вршиме проектирање на следниве типови на градби:

  • Објекти од високоградба, новопроектирани, контрола на стабилност на стари објекти предвидени за доградба, надградба или реконструкција
  • Партерни решенија (дворови, базени, паркови итн.)
  • Внатрешно уредување (ентериер)

Нудиме комплетна подготовка на проектна документација по фази, од идеен до изведбен проект:

  • А - архитектура
  • Б - водовод и канализација
  • Г - градежништво
  • Е - електрика
  • ППЗ

За потребите на проектирањето користиме најсофистицирани програми за компјутерска обработка на податоци:

  • Autodesk 2D and 3D design products
  • Sofistik - Finity element and CAD software

Изготвуваме 2D и 3D модели во зависност од потребите и барањата на клиентите. Нашите проекти се изработуваат до најситни детали со приказ на сите конструктивни и неконструктивни врски и елементи, шема на столарија и браварија итн. Анализите за статичка и динамичка стабилност на конструкциите се извршуваат со моделирање на 3D математички модели преку што се добива реална слика за однесувањето на конструкцијата за време на експлоатација, а преку истите анализи се усвојува точна вредност за потребна количина на материјали за конструктивните елементи. Нема претпоставки, нема приближни пресметки - точноста на анализите е докажана практично и експериментално во рамките на учество на меѓународен проект „PROHITECH“ во лабораториите во ИЗИИС.

Нудиме услуги на повисоко научно-истражувачко ниво во областа на анализирањето на конструкциите:

  • Статичка анализа
  • Модална анализа
  • Спектралнa анализа
  • Time history analysis (динамичка анализа под дејство на реален земјотрес)
  • Нелинеарна анализа