• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk

Стручниот надзор над изградба на објект е врска меѓу инвеститорот и изведувачот. Избор на инвеститорот е кому ќе му ја додели оваа одговорна задача, а должност на надзорниот орган е да го конторoлира процесот на материјaлизирање на идеите.

АРС-ИНЖЕНЕРИНГ нуди услуги во оваа област во својство на проектен и стручен надзор. Основна задача на надзорен орган е да ја контролира работата на теренот, да гарантира за изработката во согласност со проектната документација и одобрението за градење и да врши контрола на вградените материјали и количини. Гарантираме за стручно и совесно работење. Ако работата се изведува совесно не постои начин да се надмине проектираната состојба на количините за вградените материјали, а со тоа и цената на чинење на објектот.

ИЗВАДОК ОД ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ:

Надзорниот инженер е должен:

  • да врши проверка над изградбата дали истата е во согласност со основниот проект и одобрението за градење,
  • да утврди дали е извршено обележување на проектираната градба на терен согласно со членот 82 од овој закон,
  • да врши проверка на градбата во секоја фаза на градењето (при обележувањето и нанесувањето на основата на градбата од проектот на самото земјиште предвидено за градење, при извршениот ископ за градење на темели, при секое изградено ниво, односно кат од градбата, при градењето на кровната конструкција, завршните фасадерски и сите занаетчиски работи),
  • да утврди дали учесниците во изградбата ги поседуваат соодветните лиценци и овластувања,
  • да врши проверка на квалитетот на вградените материјали во градбата,
  • да утврди дали изведувачот обезбедил докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал, а доколку констатира дека истите не се обезбедени, за тоа да го извести надлежниот орган од членот 58 од овој закон кој го издал одобрението за градење, како и Државниот инспекторат за техничка инспекција,
  • да утврди дали изведувачот обезбедил мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата,
  • да го запознае инвеститорот и надлежниот градежен инспектор за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во текот на изградбата и истите да ги забележи во градежниот дневник и
  • да изготви завршен извештај за извршениот надзор.

(2) При секоја фаза во текот на градењето на градбата, изведувачот и инвеститорот се должни да му овозможат на надзорниот инженер да изврши проверка, во спротивно надзорниот инженер е должен да го извести надлежниот градежен инспектор да изврши увид на лице место и заедно да ја утврдат состојбата на градење.

(3) За секоја фаза во текот на градење на градбата надзорниот инженер составува писмен извештај за извршената проверка со оцена за усогласеноста на градбата со проектот и условите за градење.

(4) При изградбата на градбата правното лице кое врши надзор може да определи повеќе надзорни инженери, при што одредува главен надзорен инженер кој ќе биде одговорен за меѓусебната усогласеност на надзорот над изградбата и за изготвување и доставување на завршниот извештај за извршениот надзор.

ПРЕПОРАКА: При изведба на објект многу е важно да се воспостави комуникација помеѓу проектантот и надзорот, на тој начин не се остава простор за настанување на било каква грешка. Најдобар случај е овие две фази (проектирање и надзор) да ги извршува еден правен субјект.