• + 389 70 313 983
  • ул. Наум Охридски 22-1, Куманово
  • ars@ars-ing.mk
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА
Над 10% попуст за пакет услуги
Повеќе од 20 години со Вас!
Работиме тимски, професионално и безрезервно.
Ви стоиме на располагање заедно да
ги реализираме Вашите соништа.

Почитувани посетители,

задоволство ни е што можеме за миг да бидеме дел од вашето опкружување и ваши домаќини при посетата на нашиот портал. На овој начин ја користиме можноста да ја презентираме работата на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ, а воедно и да ја оправдаме довербата на многуте наши клиенти и бизнис партнери. ДГ АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е основано во 1994 година, повеќе од 20 години активни на пазарот и за сиве овие години успеавме да опстоиме и да ги надминеме сите превирања, кризи и реформи. Основната водечка сила за да опстанеме и притоа да го развиваме бизнисот е неизмерната посветеност, професионализам и љубов кон работата. Нашиот тим се труди да биде во чекор со најновите светски трендови, а притоа да се прилагоди кон условите што се нудат на нашиот пазар. Работиме тимски, работиме професионално и безрезервно. Се стремиме кон повисоки подвизи и секојдневни предизвици, а за сето тоа вложуваме во своето знаење и надградба. Ви стоиме на располагање заедно да ги реализираме вашите соништа.

Работиме комплетен лиценциран инженеринг. Проектирање, надзор, ревизија, изведба и инвестирање во недвижности се дел од секојдневните работни ангажмани на тимот на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ. Од 2015 година стапи на сила Закон за енергетика односно, Правилник за енергетски карактеристики на згради, со што се става акцент на подигање на свеста за заштита на животната средина и намалување на емисија на СО2 со воведување на концепт за проектирање и изградба на објекти со подобрени енергетски карактеристики со цел да се намали потребната количина на енергија за греење, ладење, осветлување итн, а притоа да не се нарушат условите на комфор во истите. АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е лиценцирана компанија за вршење на енергетска контрoла на објекти и издавање на енергетски пасоши на истите. Подетални информации во оваа област може да добиете во делот за енергетска ефикасност на нашиот портал. Преку нашите проекти и реализирани објекти се запишуваме во историјата, а воедно учествуваме во градењето на иднината. Со задоволство би сакале и вие да бидете дел од нашите клиенти и соработици.

Ви благодариме однапред.
АДРЕСА
ДГ АРС-ИНЖЕНЕРИНГ дооел Радомир
ул.Наум Охридски 22-1
1300 Куманово
ТЕЛЕФОН
+ 389 31 427 576
+ 389 70 313 983
РАБОТНО ВРЕМЕ
пон - пет:
08:00 - 16:00