„Цивилизациите се паметат по зградите.“

- Филип Џонсон

АНКЕТА

КАКОВ СТАН БИ КУПИЛЕ?
 

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ

Во делот на инвестирање/соинвестирање и продажба на недвижности во моментов се работи на неколку објекти со содржина за станбено домување, деловни простории, помошни простории со намена за паркирање, гаражирање, магацини и др.

Дел од објектите се наоѓаат во централното градско подрачје, а дел од нив се лоцирани во непосредна близина на булеварот "Октомвриска Револуција". Лоцирани се на споредни улици со што се добива спокојство во секојдневното живеење, понастрана од градскиот метеж и врева.


 


„АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ е лиценцирана компанија за извршување на работи во областа на проектирање, ревизија и надзор. Овие три елементи во процесот на градење се едни од најважните параметри за успешно и економично водење на постапката на градењето.

Цената на проектот е само еден мал процент во однос на вкупната цена при изградба на еден објект, а самиот проект ја условува цената на објектот. Со изборот на проектантот го кроите буџетот наменет за изградба на вашиот објект од соништата. Прочитајте повеќе...

Со ревизија на проектна документација се намалуваат шансите за настанување на грешка во процесот на проектирање, а со самото тоа и во процесот на градење. Прочитајте повеќе...

Стручниот надзор над изградба на објект е клучната врска меѓу инвеститорот и изведувачот. Избор на инвеститорот е кому ќе му ја додели оваа одговорна задача, а должност на надзорниот орган е да го контролира процесот на материјализирање на идеите.Прочитајте повеќе...

„АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ веќе долги години наназад се занимава со инвестирање/соинвестирање при изградба на објекти од високоградба и врши продажба на недвижности. Прочитајте повеќе...